НЕ СЕ СОМНЕВАВ ВО КВАЛИТЕТОТ НА 11 ОКТОМВРИ

Фудбал: Николче Здравески, тренер

Можеме и подобро – смета стратегот 

Големо задоволство приреди второлигашот 11 Октомври, со пласманот на високото трето место. Навивачите ги преполнуваа трибините. Долу, на “жешката” клупа, беше Николче Здравески, кој има детална анализа. Имавме лош почетокот, од три меча, освоивме само два бода. Навалија остри критики дека тимот не бил доволно подготвен, дека нема квалитет. Во најтешкото не се сомневав во играчите и – тргна на подобро – вели Здравески. Има одговор за стартните маки. Мојсовски се приклучил во 4. коло, Ацески влегол без тренинг, Гешоски дополнително. Новите играчи недоволно се снашле. Верував во тимот. Не дозволивме да не надиграат, туку доминиравме. Ривалот со една шанса даваше гол, ние од 10 ниеден. Имавме лош ден и требаше трпение – смета Здравески. Одбраната достигна рекорд од 934 минути без примен гол. Средниот ред се покажа со комбинаторика, само во нападот доста се промашуваше. Од меч во меч се местеа нишаните.

Клучен фактор е нереализацијата. Ќе бевме убедливо први. Гешоски, Мојсовски и Димитровски дадоа 70 – 80 отсто од можностите. Веруваме во нив – истакнува Здравески. Управата и спонзорот Витаминка, со стручниот штаб одлучија играчите да се задржат за напролет. Задржуваме потврдено. Имаме сé во сите линии, плус искусниот Мегленски. Може да има некое освежување, но не е неопходно. Сите се адаптирани и нема алиби за слабости. Со добри подготовки, одиме на врвот – порачува Здравески. Распоредот е на гости кај првиот Охрид, дома со вториот Тиквеш. Претстојат неизвесни 13 кола. Професионални клубови, вклучително 11 Октомври, се горе на табелата. Меѓусебните пресметки се решавачки – завршува Здравески.

Прозивка на 17 јануари

Одморот за 11 Октомври завршува на 17 јануари, со првата прозивка. Првите два дена се прегледи, после тренинзи за физичка издржливост. Техничко – тактички дел и релаксирачки пред стартот на 6. март. Како ретко каде, зад нас стои спонзорот Витаминка. Обезбедени се услови. Останува само напорна работа со 25 првотимци – вели Здравески.

Loading