НЕСТОРОВСКИ ДОМА ЗА НОВА ГОДИНА

Професионализам

Фудбалерот Илија Несторовски по тешката полусезона во чешкиот прволигаш Словачко, осми ден е на зимски одмор во градов. Всушност не е класичен одмор, туку активен, со задачи. Професионалните обврски не му даваат прослава на Нова година. Првпат не одам никаде. Не е изводливо. Еден ден трчам – два дена одмарам и во тој ритам морам до враќањето на трети јануари. Новогодишната ноќ ќе мирувам да можам да истрчам наредното претпладне – образложува Несторовски. Не постои можност за фаќање кривина. На рака носи “полар”, прецизен мерач на сите активности на организмот. Инструментот буквално сé регистрира и “дава” извештај на тренерот Мирослав Сукуп. Нема бегање. Мора се да се одработи трчањето, кревањето тегови. Дури и на осумдневниот престој во Тунис – вели Несторовски. Несторовски една година е во деветтопласираниот Словачко, а договорот е до јануари 2013.

Loading