ЕКОЛОШКИ МЕЃУНАРОДНИ ПАРАЛЕЛИ

Џилијан Шустер, Ана Марија и Семуел биле гости на СОУ “Орде Чопела”. Тие, заедно со учениците, се потрудиле да ја расчистат “својата еко – свест” и да подзачистат низ училишниот двор, над Интернатот каде најмногу имало отпадоци. Тоа е чекор кон чиста животна средина, која бара одржување. Проектот е меѓународен. Заеднички е со студентската организација АИСЕК. Избрани сме за ретко, еко – училиште. Презентерите од мировниот корпус и Романија, носеа заштитни ракавици, кофи, ќеси и друга опрема за собирање ѓубре. На терен се селектираше отпадот. Еден ученик собираше само текстил, друг стакло, трет картони… – објаснува директорот Славица Петровска. Имало предавања и за радиоактивниот отпад и како да се штеди вода. Учениците разменуваа мислења, разговараа. Предавањето беше на англиски со превод, но поткрепено со видео презентации, интернет и истражување. На пример, учениците пресметуваа колку вода се троши да се произведе еден килограм говедско месо. Или, човек дневно има потреба од 20 – 50 литри вода – вели професорката Билјана Апостолоска.

Loading