ЉУБОВТА ВО ЧЕСТ НА МИРЧЕ АЦЕВ

Рецитирање под мотото “Вечер на љубова поезија” ќе има вторник, во 19 часот, во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”. Ученици од гимназијата “Мирче Ацев” и гости од другите училишта, посветени, со почит кон човекот чие име го носи нивната гимназија, ќе рецитираат на универзалната тема – за љубовта. Поводот е патрониот празник на револуционерот Мирче Ацев, кој е роден во јануари. Патронатот ќе се одбележи и со други свечености.

Loading