ХАРМОНИКАШИ СО ДАРБИНИ

Александар Алексоски има 12 години. Свири хармоника и оди на интерни часови по хармоника во музичкото училиште во градов. Желба има за свирење. ,,Борјано борјанке” е последното што го учел да го свири. Неговите другари, Филип Јовчски и Ѓорѓи Димески се по десет години. Велат, доволно, за да изберат сами кој инструмент сакаат да го свират. Тие се трето одделение. Во нивните фамилии имало музички надарени претци. Филип вели дека дарбата за хармоника можеби ја наследил од вујко му, кој го свирел истиот инструмент. Ѓорѓи е горд на дедото од Оревоец, кој свирел на кавал, и братучед кој свирел на кларинет. Правилното движење на мевот на хармониката и инстиктот се важни за свирење – велат надежните музичари. Руската ,,Таму кај реката,,, убаво ја свири осум годишниот Давор Стефаноски. Почетник. Основата треба да му ја даде наставникот по хармоника Мирослав Миленкоски, кој скоро 40 години обучувал деца во музичкото училиште. Систематска и макотрпна работа и најмалку по два часа вежбање дома е потреба за малите хармоникаши, кои обично имаат успех по втора година од вежбањето и школувањето – вели Миленкоски. Александар, Филип, Ѓорѓи и Давор најмногу свират народна музика, но им лежи и класиката. Хармониката ја избрале како инструмент со набори кој даваат звук преку типкање на клавишите.

Loading