КАРТИЧКИ ЗА НОВИ ДОЖИВУВАЊА

Новата година тропа на вратата. Фантазијата, мечтите се распламтуваат. Новогодишните модерни честитки пленат со различниот дизајн и со различна колоритност. Тематиката главно е зимска, новогодишна, Божикна, со Дедо Мраз или снешко, со мачиња, кучиња, дечиња со санки, со природна идила, обични или музички … Прекрасни се за честитање. Мамат и со цените од денар до 50. Основците во пишувачка еуфорија. Првооделенците пишуваат со помош на мајките. А детето се грижи скришно, под клупа или во книга, џеб, на врата кај комшивчињата, да ја испрати новогодишната пратка. Праќањето по пошта не е ефтино. Тинејџерите главно честитаат по електронски пат, иако мирисот на хартијата возбудува, исто како и изборот на честитката.

Loading