ЗГОТВЕНИ САРМИТЕ ЗА НАРОДНАТА СОФРА

60 zeni sploteni za vitkajne na posnite sarmicki copy

Привршува готвењето на над 65 илјади сармички за одбележувањето на патрониот празник Св. Никола. У ште да се свари гравот, да се испржат рибите и да се постави светиниколската трпеза и в недела да се нагостат илјадници посетители. Жените од “Преродба” умешно и трпеливо виткаа сармички со големина на нокт. Атмосферата во хотелот “Сонце” беше весела. “Падна” и песна, се заигра и оро. Се во духот на традицијата. Мајсторството е да се подготви посната сарма. Се прави од кочански ориз, со црвен пипер, црн бибер и расол, со доминација на маслото – вели Паре Макалоска, која веќе трета година витка сарми за патрониот празник. Домаќин на годинашното одбележување на празникот е Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и фирмата “Жито Прилеп”. Ја продолжуваме традицијата. Чест е да се биде домаќин. Доаѓа и нашиот сопственик, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски – вели Горан Јанков, директор на “Жито Прилеп”. Градоначалникот Марјан Ристески е среќен што Св. Никола станува атрактивна манифестација, откривајќи дека догодина домаќин ќе биде Стопанска банка од Скопје. Гостите ќе се послужат и 400 килограми грав, варен во војнички казани, 500 килограми пржени риби. Ќе има два тона вино, 500 литри ракија, сок, пиво. Предвидена е пригодна културно уметничка програма, на која ќе настапат и посетителите ќе ги веселат фолк пејачите Миле Кузманоски, Милица Кузманоска, Ирена Спасоска, Белинда, како и КУД “Мирче Ацев”.

Loading