ПОДАЛЕКУ ОД ЛИГА НА ТЕПАЧИ

Борење

ПОДАЛЕКУ ОД ЛИГА НА ТЕПАЧИ

Борачите од 7 Мај Леов не учествуваа во Државната лига, како лани. Тоа се покажа исправен потег, со оглед на црниот епилог. Во последното коло, во Штип, бил физички нападнат претседателот на Федерацијата, Чедо Николовски. И лани, имаше инцидент. Згрозени од ланси, бегаме од тоа друштво. Тепаните не признаваа дека се тепани, а тепачите, божем, немало ништо, иако 200 души направија хаос. Неризикуваме со 10 деца, кои не се плашат од ривалите,туку отстрана. Подалеку од лига на тепачи – вели Сашо Игнатовски, тренерот. 7 Мај Леов настапува на првенства и турнири.

Loading