Гимнастика
Четворица членови од КГС Партизан, викендов учествуваат на силен меѓународен турнир во Нови Сад, Србија. Мнозинство се во шестчлениот македонски тим, покрај двајца битолчани, според изборот од Федерацијата. Предводник е Дино Бошњак, после Ивана Јанкоска, Александар Наумоски и Емилија Јовеска. Во тешка конкуренција со Срби, Хрвати, Бугари, Словенци и други, најмногу очекуваме од државниот првак Бошњак и од битолчанецот Иван Крстевски – велат од Федерацијата. Дино Бошњак, “прилепскиот Церар”, лани на турнирот го освои одличното трето место.