ТОПОЛА УРНА КУЌА

Топола од триесетина метри се струполи врз куќа во Жабино маало – Прилеп, откако неискусен сечач неправилно ја пресекол. Тополата наместо во нивата, паднала и ја урнала куќата на Благоја Конески. Нема повредени, иако целото семејство пиело утринско кафе. Урната е покривната конструкција и род од повеќе од еден тон тутун, складиран во таванот. Дрвосечачот побегнал, а полицијата трага по него. Локалните власти му помагаат на семејството преку комуналното претпријатие да ги отстрани гранките и трупците од куќата и да се овозможи пристап за санирање. Семејството не може да се соземе од претрпениот шок. Некој сечел висока топола кај комшиската нива. При тоа тополата падна врз покривот на куќата. Направена е голема материјалана штета. Уништети се околу 300 балиња тутун. Сета среќа е што главнината од ударот била врз ѕидот. Инаку, внатре ќе ги убиела сопругата, мајка ми и синот кои пиеле кафе. Внатре сé е уништено. Куќата веќе не е за живеење. Молиме бога да не заврни. Тешко нас, додека се санира, оти е зимно време и нема кај да се прибереме – кажува Конески. Тој не знае кој ја сечел тополата. Несмасниот сечач успеал да турни една од двете тополи и да ја насочи кон нивата, но за втората не бил прецизен. Сечачот повикал на помош и багер, но и тоа не му помогнало. Полицијата го бара сечачот. За сечење дрвја се бара дозвола од Министерството за земјоделие, а сечењето без дозвола е прекршок.

Loading