ЖОК 11 ОКТОМВРИ ВО ПРВА Б ЛИГА

Одбојка

По четири – пет години труд, женскиот одбојкарски клуб 11 Октомври е пред вклучување во систем натпревари. Девојчињата, осмоодделенки, наесен се готват за мечеви во сениорска конкуренција. Планираме учество во Прва Б лига. Натаму, секоја година прогрес. Првин средина на табелата, после врвот и пласманот во Првата А лига. За три – четири години да стасаме до европска сцена, пред 2-3000 гледачи – вели Глигур Локвенец, тренер. Родителите помагаат, но треба спонзори и градска поддршка. Се оддолжуваме со резултати и реклами за мала сума. Со три до пет илјади евра поминуваме цела година. Градот да помогне со сала и два термина неделно и натпревар – смета Локвенец. По завршување на проектот “ЖОК 11 Октомври”, Локвенец почнува од “нула”, со машки таленти – пионери.

Loading