ЛАПТОПИ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ ДИПЛОМЦИ НА ЕКОНОМСКИ

На точно 180 дипломци на Економскиот факултет им се врачија дипломите со титулата дипломирани економисти. Осум имаа највисок просек, за што добијаа и парични награди, а најдобрите две беа наградени од Витаминка и Жито Прилеп со лаптопи. На доделување на дипломите присуствуваа родителите а се обратија и ректорот д-р Златко Жоглев, деканот професор д-р Ѓорѓи Манчески.

Loading