ЈАНЕ СТАНКОСКИ ПРВ ЛИБЕРАЛДЕМОКРАТ

Нов прв либералдемократ во Прилеп е дипломираниот агроном Јане Станкоски. Делегатите на собранието на ЛДП го избраа да ја води партијата на местото на досегашниот претседател Доне Григориу. Станкоски ќе ја води локалната партиска келија на ЛДП во насока на афирмација на локалната политичка сцена со формирање на месни одбори, младинска организација и формирање на форум на жени. На изборот присуствуваше и претседателот на партијата Јован Манасиевски. Тој изјави дека ЛДП продолжува да настапува сама и нема да влезе во предизборна коалиција со ниедна партија. Партијата има неколку стотина нови членови, а претстои и ревидирање на членството. Новата локација на седиштето на партијата е во бизнис центарот.

Loading