ДОНИА И ВИТАМИНКА НА НАТО БАЗАР

Производите на Витаминка и Дониа предизвикаа интерес на НАТО базарот, што секоја година се организира во седиштето на НАТО во Брисел. Учесниците бараа информации повеќе за прилепските фирми кои несебично го поддржаа базарот од хуманитарен карактер. Собраните средства на двете фирми ќе бидат донирани во добротворни проекти во целиот свет, посебно за децата без родители. Привилегија е да се учествува на ваков настан, чии носители се членките на Алијансата, а Македонија ја претставува и својата култура, традиција, уметност и обичаи – велат од Македонската амбасада во Брисел.

Loading