ЕКО ЛЕКЦИЈА – ЦВЕЌЕ ВО САКСИЈА

Петтоодделенци од “Добре Јованоски” заедно со наставничката Соња Седлоска и Славица Мирческа учат содржини за здрава животна средина. Потковани со знаење дека без вода, воздух и светлина нема живот, создале правила, запишани на хартија. Ги ставиле на прозорците да се потсетуваат. Во саксии садевме цвеќиња. Интересно. Научивме дека на цветовите им треба светлина и вода, а чистотата е важна за здравјето – кажуваат ученици. Учениците реализирале ОХО содржини во соработка со здружението ОХО. Еднаш неделно ги чистиме прозорците за повеќе светлина. Истакнавме правила за рационално користење на водата, за заштита на училишниот двор и за украсување на училниците и ходниците со цвеќиња – вели Соња Седлоска, наставничка во ООУ,,Добре Јованоски,,. Колешката Славица Мирческа дополнува дека децата работат под паролата “Одржувај ги правилно водата и околината, престојувај често на чист воздух и светлина, за да имаш долг и здрав живот” – забележана на лист хартија.

Loading