СОНЦЕТО И ПЛАНЕТИТЕ НА КИРЧО

Четвртоодделенците учат за чистотата. Пишуваат, разгледуваат списанија. Кирил Трајкоски нацртал “еколошки” цртеж, кој бил второнаграден во училиштето. Сакам да пишувам за планетите, за сонцето. Ме интересира ,,мајката,, природа. Често се шетаме со родителите по планините. И во бавчата гледам садење и пресадување растенија – вели Кирил Трајкоски, кој се “фали” дека постигнувал успех во учењето лесно, без многу труд. Кирил напишал неколку песнички. Најдобри му биле за другарчето, и “Планетата земја”. Освоил второ место на конкурсот за лична творба, организиран од Градската библиотека.

Loading