ЏИЏИ – МИЏИ ЗА ВЛЕЗ ВО 2011 ГОДИНА

Момчиња со ранци на грб, во продавница за играчки побараа железен пиштол. Продавачката итра: Металните пиштоли се уште не се стасани. Да, некои уживаат на пукотот на петарди, дијаболи… Пластичните играчки, пиштоли, барбики, замоци, комплети, кукли, разни музички инструменти, автомобилчиња па се до разни Снешковци и Дедо Мразовци се уште се во центарот на вниманието не само кај малите деца од предшколска возраст, туку и кај деца до 12 години години. Играта не познава граници. Од неа се учи. Посебно за надарени на кои таа им е животна вистина, односно кои сфатиле дека животот е една интересна игра, на која треба да и се откриваат тајните. Детскиот свет е таков. Амбициозен, љубопитен, енергичен… Затоа, бабите го отвораат ќесето за внуците, родителите скржаво типкаат пинови на платежните картички. Сé за децата пред Нова година.

Loading