ШКОЛО СТАНУВА КЛУБ

Ракомет

По исклучувањето од машката Супер лига на РК Прилеп, не се чекаше долго за формирање нов. Единствената школа Филип веќе прераснува во клуб. Неколку години работиме со надежни ракометари. Се натпреваруваме во кадетската лига. Штета е градот да нема машки клуб и оттука трансформацијата – вели Александар Танески, сопственик и тренер во РШ Филип. Клубот има поддршка. Се очекува младиот состав да биде надополнет со искусни поединци од суперлигашка сцена. Целта е наесен вклучување во прволигашкиот ранг. Вложуваме напори клубот да го подготвиме за системот. Имаме време и можности – смета Танески, поранешен пивот на ТК Бренд.

Loading