“ТОТЕНХЕМ” ПОРАЗЕН НАБРЗИНА

Трета лига

Прилепскиот Тотенхем загуби. Се работи за Корзо, тим што носи нова опрема, ист модел како Англичаните. Се беше на ниво до финишот на второто полувреме, кога на дербито по 1-0 за екипата на Панде Трајчески, резултатот се сврти набрзина во полза на Победа јуниор за 1-3. Фудбалерите на Кире Овезоски победија по 13. пат, покрај две реми и заслужено се есенски прваци. Одлична, трета, е кривогаштанска Младост на Трајче Илиоски. Резултати: Корзо – Победа ј. 1-3, Г. Коњари – Бабуна 0-3 (сл.), Партизан Обршани – Превалец 6-2, Вардарски – Младост К. 0-3 (сл.), Борец – Млекар М. Коњари 1-2. Табела: Победа ј. 41, Бабуна 36, Младост 36, седми Партизан 22, деветто Корзо 19, 12-то Големо Коњари 17, 15-ти Млекар 10 бода.

Loading