СЛУЖБЕНИ БОДОВИ ЗА ДИНАМО

Општински лиги

Лидерот Динамо од Мажучиште “без мака” доби три бода од дербито на Гарнизон со вториот Пролетер. Мечот е регистриран службено со 0-3, поради влегување на публиката во 90 минута, при водство на домашните од 4-3. Штета за Пролетер, клуб кој важи за еден од најмирните. Напролет има уште шанси за врвот, бидејќи разликата, иако голема, сепак е достижна. Динамо е со 30, Пролетер со 23 бода.

Loading