ИМА МЕСТО ЗА УШТЕ ПРИЛЕПЧАНИ ВО 11 ОКТОМВРИ

Фудбал: Сашо Иваноски, претседател

Тони Мегленски е првото засилување на 11 Октомври за пролетниот дел од второлигашкото првенство, но не и единственото. Можен е приклучок на уште неколку нови. Се зборува за прилепчаните однадвор, стоперот Александар Крстески во Албанија, левиот бек Благојче Дамевски од Металург… Ги следиме, а кога се тука тренираат кај нас. Клубот е отворен, тенденција е што повеќе фудбалери од градот да го носат нашиот дрес. Публиката сака мнозинство прилепчани, затоа ги полни трибините – вели Сашо Иваноски, претседател на 11 Октомври. Интересно е што Мегленски одби кај скопски Вардар, а го одбра 11 Октомври. Не е само локалпатриотизам, туку реалната ситуација на двата клуба. Позитивни знаци прати летоска со теренинзи. Пресудна е одличната атмосфера, амбиции. Се гледа за прволигашки играч наесен во клуб со перспектива, можеби до крајот на кариерата – истакнува Иваноски. На пролет преостануваат 13 кола борба за едно од првите две места. Охрид 2004 бега еден бод, а вториот Тиквеш има само повеќе дадени голови од третиот 11 Октомври.

Охрид изненади “од сенка”. Напролет има добар распоред и е кандидат за врвот. Тука се Тиквеш, Миравци… Ќе биде тешко, но имаме квалитет. Претендираме на прво или второ место, за избегнување на третото или четвртото. Непријатно е во бараж, еден меч со прволигаш и се е можно – потенцира Иваноски. И по завршување на сезоната Николче Здравески тренира со играчите. До 5-6 декември предвиден е пријателски меч, а потоа следи одмор до 15 јануари.

Стадионот на градот

ФК 11 Октомври го санира оштетениот терен од стадионот “Гоце Делчев” со наѓубрување, наводнување, рамнење, иако не е во негова сопственост. Се бара решение за објектот. Губевме бодови од лошиот терен. Презедовме санација. Веројатно излез е објектот да го земе градот – вели Иваноски. На идниот прволигаш му треба и помошен терен, а најпогоден е новиот на Могила, доколку се поправи неисправната подлога.

Loading