НАЈ, НАЈ, НАЈ …

Во библиотеката

Во Библиотеката “Борка Талески” се собраа ученици на натпреварите за најдобар рецитатор, за најуспешна лична творба, млад библиотекар. Со признанието најдобар рецитатор кај основците од прво до четврто одделение се стекна Бојана Кузманоска, трето одделение од ОУ” Гоце Делчев”. Од петто до осмо најсупешна е шестоодделенката Стефанија Рикалоска од ОУ” Кире Гаврилоски”, а кај средношколците најуспешен беше гимназијалецот Илија Волчески. Не послаби во рецититациите беа Бобан Нешкоски од ОУ “Климент Охридски”, Теодора Адамческа од ОУ “Кочо Рацин”, Деспина Силјаноска од ОУ “Климент Охридски”, Сениха Исламоска од ОУ “Кирил и Методиј “ од Канатларци, Симона Ристеска од СОУ “Ѓорче Петров” и Ивана Петреска од Гимназијата “Мирче Ацев”. Блиски до поетите и писателите, со најдобри лични творби во категоријата од прво до осмо одделение (песна и расказ) се покажаа Марија Стеваноска и Ивона Николоска од ОУ “Добре Јованоски”, а од среднистите најуспешни беа Ангела Велеска и Ивона Николоска. Библиотеката беше домаќин и натпреварот за млади библиотекари во Македонија. Со признанието се закити Марина Насковска од ОУ “Кочо Рацин” од Куманово, која покажа најмногу знаења.

Loading