ГЕОГРАФСКО ЕКОЛОШКА ЕДУКАЦИЈА

ОУ ,,Климент Охридски,, и географската секција често имаат дневна теренска настава на локалитети меѓу Прилеп и Витолиште. Таму идните географичари се запознаваат со богатствата на тој крај. Локалитетот камени печурки, хидропотенцијалот на Црна река, дијатомејската земја, јагленот и другата руда во Мариово им оставиле печат на учениците. Учениците ја откриваат тајната на богатствата на Мариово. Се ориентираат со карти, компас, двогледи, користат фотоапрати, камери за да ги овековечат научните моменти. Сознанијата ги забележуваат писмено во прашалници, од кои забележуваме дали сме придонесле за едукација кон географско еколошката култура на учениците – рече Зоран Сребренкоски, професор по географија, кој заедно со колегите по биологија и историја ги воделе учениците. Тие воодушевени од практичниот дел на терен, откривале и социо – географски, стопанско – географски и други можности за развој на селскиот туризам.             За седум – осум години ги посетиле селата Крапа, Белица – Бродско, Зрзе, водопади, па Мариово и родната куќа на Стале Попов во село Мелница. Потенцијални географичари бурата од идеи ја преточиле во ,,Карта за животната средина,, за која Јапонците рекле дека е една од најдобрите во Европа. Учениците и професори освојувале бројни награди на разни натпревари. Минатиот месец, наставникот Сребренкоски во друштво со 40 географичари од Бугарија, Србија, Б и Х, Хрватска изложил свој труд на IV – от интернационален Конгрес на македонското географско друштво.

Loading