КРЕАТИВЦИ НА КОМПЈУТЕРИ

Родителите и децата се задоволни што во дел училиштата, првооделенците се пречекани со мали безжични компјутери – лаптопи на клупите. Тие ги воведуваат децата преку фотографиите во филмувани игри во училиштата. Потоа се навлегува во тајните на компјутерот, како практично помагало во наставата, подоцна во животот и најмногу при работниот ангажман. Информатиката се изучува поодамна по училиштата. Практиката некаде беше бавна. Се прават напори да се донесе компјутер пред секое дете. Македонија со “фејсбук”, сепак заостанува во виртуелниот свет, иако се забрзува темпото и растат информираноста и познавањата. училиштата веќе се поврзуваат. Интернетот е алатка без која не функционира ништо. Зашто и основците, и среднистите, а и студентите бараат олеснување и поедноставување на материјалот со мало вложување труд. Владата перманентно набавува компјутери за образованието. Веќе се поставуваат електронски дневници и настава, електронски се води делокругот на работа. Поставени се електронските индекси, се модернизира студирањето. Кусо, наставата се одвива со постојана електронска комуникација и консулатација меѓу професорите, наставниците и учениците. Министерството за информатичко општество придонесува во подем и едукација во информатиката, со цел при завршувањето на образованието, да се примени теоретското знаење во практиката, во компаниите.

Loading