РЕЦИТАТОРИ – ЗБОРОВНИ КРЕАТОРИ

Ангела Димеска ужива кога пишува за татковината и љубовта. “Втората смена” и “Марта” í се омилени книги. Седмооделенката целосно се внесува во создавањето на поетичниот мозаик, кроен заедно со соученичките од други класови од ОУ “Добре Јованоски”. Сите се членки во рецитаторската секција каде ги подучува и насочува Стојанка Димеска, долгогогодишна наставничка по македонски јазик. Инспирирана од природата, Тамара Илиоска излеала стих од душата за природата. Вели дека веднаш í доаѓаат идеи. Омилено четиво í се сите делови на “Дневникот на принцезата” од Мек Кебот и романите на Агата Кристи. Не остава лектира непрочитана. Ужива во читањето поезија, а пишува проза. Темите ми се од секојдневниот живот. Често, гледајки некој филм или забележувајки некоја случка, ме инспирара на создавање лична творба. Ме исполнува зборот, составувањето на целини. “Бојан” од Горјан Петрески ме воодушеви – забележа Фросина од ОУ “Добре Јованоски”.

Loading