АЈЕФЕЛОВА КУЛА ДА СЕ ВИДЕ

Шестто одделенците од ОУ “Климент Охридски” се во атмосфера на пријатно расположение на часот по француски. Училницата топла од романтичниот певлив француски “шум” на музиката. Пее “Те сакам” на француски. Учат правилен изговор на француски со мелодичност и нежност. Учениците во вокабуларски занес. Лесен и правилен акцент, за полесна комуникација во странство, каде доминира овој јазик, кој припаѓа на групата франкофонски – романски јазици. Постери за Тоше, цртежи со слободни теми, проекти со разна мотивација, речници со зборчиња од историја, за ориентација во простор, се дела кои минале низ “климентовите” натурализирани “французи”. Ленче Вренцоска, наставничката по француски јазик, ги прошета до земјата која сон е да се види. Шесттоделенците ѕирнаа низ Франција со слика, музика, текст, книга, разгледница, лична творба, интернет. Нема строга настава, само мотивирање и говорна забава. Тука се вештините за правење весник и отворен пат за дружби преку интеренет и дигитална технологија со истомисленици и говорници од разни држави – вели Вренцоска. Желба на малите е да го видат Париз. Да го дофатат врвот на Ајфеловата кула. Да немаат во дневникот нула. Францускиот на Анастасија Бошкоска најубаво í звучи кога над глава песна од Селен Дион и бучи. Убаво не учи наставничката. Зборот има звучност и “сочност”. Има многу песни и богата литература – вели Анастасија. Нежниот француски акорд, е дар за Теодора Тасевска. Ја кроти полетниот француски богат збор, соодветен за детската фантазија. Го одбрав францускиот зашто поубаво звучи од германскиот и има богата литература. Мајка ми учела француски – вели Сара Грабулоска. Ги оставивме во добра мисла да испланираат, да се договорат за заедничка идеја на која сета нежност со ж – тем, ќе ја разлеат.

Loading