ФИЛМСКА НЕДЕЛА СО ВИМ ДЕНДЕРС

 Од понеделник до петок, во 19 часот, во ЦК “Марко Цепенков” ќе бидат прикажни филмови од германскиот режисер Вим Вендерс. Стартот е со “Буква на срамот”. На репертоарот се и “Алис во градовите”, “Кралеви на Патот”, “Американскиот пријател” и “Како стојат работите”. Вим Вендерс на млади години бил воодушевен од американската култура, особено од филмовите и рок музиката. Во Минхен посетувал Висока школа за телевизија и филм. Снимил кратки филмови, кои се дел од т.н. “Минхенска школа”. Филмовите на Вендерс доаѓаат во соработка со Кинотеката на Македонија.

Loading