“МИРЧЕ АЦЕВ” НА ГОДИШЕН КОНЦЕРТ

КУД “Мирче Ацев” вечерва од 19.30 часот ќе го има традиционалниот годишен концерт. Ќе се изиграат дел од македонските ора и сплетови во кореографија на Диме Билески. Најмладите играорци, сé до првата постава ќе ги изиграат Црногорка, Пуштено, Куцано, Беровка, Калајџиско, сплет игри и песни од Егејска Македонија, Водарки, Осоговка, Драчевка. Гостинка ќе биде Елена Велеска – велат од Друштвото. КУД “Мирче Ацев” веќе 63 години го негува богатиот фолклор.

Loading