СМИРЕНИ ТРИ УПРАВИ ВО Г. КОЊАРИ

Трета лига

Имало спас во Големо Коњари. По големи турбуленции, со три управи, страстите се смириле. Нов претседател, наследник на Зоран Седлоски, е Слободан Димоски – Шлеперот. Сé е во најдобар ред. Цело село стои зад ФК Големо Коњари. Ќе сме силно како некогаш. Помагаат пријатели. Есенва беше тешка, додека собереме приход од тутунот, а напролет ќе собираме повеќе бодови – ветува Димоски. Тимот иако казнет бодовно, од дното се крена на 11 место. Во неделата го победи Велес табак на гости со 1-4, а задутре ја чека Ц. Река. Останати: Превалец – Викторија, Корзо – Младост, Партизан – Велес Т., Илинден – Млекар. Претходно: Младост – Бабуна 2-2, Викторија – Кожуф 1-0, Млекар – Партизан 0-3, Ц. Река – Корзо 2-1. Табела: Викторија 28, Бабуна 25, Младост 23 бода.

Loading