ЛЕСНО Е КОГА СО НАС СЕ 3.000 НАВИВАЧИ

Фудбал: Игор Мирчески, млад полушпиц на 11 Октомври

Се поразигран е ,,11 Октомври,,. Осум кола не прима гол, од 12-то се крена на трето место од второлигашката табела. Последно страдаше Новаци со 0-1, на негов терен со погодок на Стевче Иваноски. Не попуштаат тимот и публиката, која на седум меча дојде вкупно над 20 илјади. Преполнети трибини се голема одговорност. Играме со срце, даваме максимум. Полесно е со три илјади навивачи – вели Игор Мирчески, млад полушпиц на ,,11 Октомври,,. Негово дело се два првенствени гола, со Еуромилк и Дрита. Тимот е компактен. Не е важно кој дава гол. Се поправаат грешките со борбеност. Најбитна е победата, дарот за публиката – истакнува Мирчески. Помага во нападот, најчесто е во средината странично, а се враќа и во одбраната. Напор вложува и работа доаѓа до израз. Ривалите гледаат прволигашки клуб. Силен спонзор, играчи на високо ниво, тренер кој беше прогласен за најдобар. Нема да се занесиме дека победите доаѓаат сами по себе. Нужни се труд и пот за врвот – заврши Мирчески.

Охрид доаѓа со тројца од Победа

В недела (14 ч.) ,, 11 Октомври,, игра дома со седмиот Охрид лоте. Гостите имаат солиден тим со тројца поранешни победаши, Игор Момировски, Бруно Пресилски и Никола Стисниовски. Бодовите се важни за првото место. Влезот е бесплатен и се очекуваат три илјади гледачи.

Loading