ИЗВИДНИЧКИ ШЕПОТ ВО БОГОМИЛА

Осумдесеттина извидници од цела Македонија го искористиле минатиот сончев викенд за рекреативна прошетка низ раззеленатата убавина со шумливи природни нијанси на жолта боја. Се дружеле крај логорскиот оган, со звуците и песната на гитарата и извидниците од прилепскиот одред “Еригон”. Гласови, смеа, раскажувања за згодите и незгодите го скокотнале и селото Богомила. Тоа ги напоило со свежина и ведрина, со богати сеќавања. Демонстрирале дел од стекнатите вештини, знаења и умеења од извидништвото. За извидничкиот шепот, муабетења, скокоткања на душата, радоста на играта се погрижил извидничкиот одред “Илинден” од Скопје.

Loading