“РАНДЕВУ” НА СТРУЧНИ УЧИЛИШТА

“Образовно рандеву – 2010” е името на манифестацијата на која учениците од државни стручни училишта ќе се забавуваат за викендов. Целта е да се промовираат училишните активности. Прилеп е домаќин, иако лани никој не се обврза за организирање. Учениците се натпреваруваат, се дружат и се забавуваат. Ќе свират и пеат музичките групи во ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се презентираат знаења во просториите на СОУ “Орде Чопела” – вели Славица Петровска, директор на СОУ “Орде Чопела”. “Образовното рандеву” е идеја на УСАИД. Младинската асоцијација на средни стручни училишта е секундарен едукативен проект за активностите во средното образование, проектиран од УСАИД. Организацијата придонесува за попродуктивен живот на младите, развој на демократската свест, дружењата и натпреварите, кои влијаат за подобрување на лидерските способности кај младите и за одговорно, доверливо и комуникативно однесување, што е чекор кон успешна кариера.

Учениците ќе се натпреваруваат во јавно говорење на македонски и албански. Потоа во бендовско пеење мелодии, во интервјуа за работа, изработка на маркетинг и бизнис планови. Ќе изработуваат видео реклами за училиштата и ќе избираат најдобра фотографија на слободна тема. Тука е и изработката на постер, филм, веб страна… – вели Ѓорѓија Гагалески, профессор од “Орде Чопела”. “Образовно рандеву – 2010” е најголем настан, зашто лани го посетиле околу 30 илјади ученици од средните училишта, 10 илјади основци на Скопскиот саем. Секоја година преку штандови, работилници, талент шоу, модни ревии, натпревари на знаење, умеење, вештини се претставуваат 1200 ученици, паралелно презентирајќи ги и училишните активности на 70 – тина средни училишта од државава.

Loading