ЧАТЛЕСКИ ПЛАНИРА СРЕДБА СО КЛИЧКО

Бокс: По спектаклот во Универзална

Одлично организираниот професионален бокс меч во Универзална, каде Веселин Кочоски – Бомбата го совлада Босанецот Армин Шабановик, дава поттик за наредни спектакли. Менаџерот Дарко Чатлески амбициозно гледа во иднината. За две недели средивме сé. Помогна народот, кој даде пофалби. Околу март ќе доведеме повеќе познати боксери. Средба со светскиот првак, Украинецот Кличко. Блиску сум, откако соработувам со клупскиот другар, Србинот Ненад Боровчанин – вели Чатлески. Во фокусот е Кочоски. Забележа прв професионален триумф, на 17 години, рекорд во Европа. Пофалби за Боровчанин, за тактиката, движење на рацете, гардот, влезот – излезот. Поканет е во белградскиот камп. Сигурно оди во јануари. Мора да го чекаме училишниот распуст. Ќе тренира со врвни професионалци, како Босанецот Бухаралија, Србинот Папиќ, а не е исклучено да му понудат и меч – истакнува Чатлески.

Loading