Кошарка
В сабота, во Кавадарци, ,,Ултимејт баскет,, засилен со Марјан Младеновиќ од Овче Поле, гостува кај прволигашкиот лидер, Фени индустри. Тимот на Панче Милевски нема што да загуби. Одиме по искуство и да се претставиме во добро светло – сметаат во У. Баскет. Дома беше победен светиниколско Овче Поле со 82-70. Третата победа во серија го доведе тимот на четврто место. Имаме самодоверба. Можеме повеќе од опстанок – сметаат во У. Баскет.