,,ПЕТРОВИ,, ФРИЗЕРИ КАЈ ИТАР ПЕЈО

Пет – шест ученици од отсекот за лични услуги – фризери, при ОУ ,,Ѓорче Петров,, за празникот 11 Октомври заедно со презентацијата на саемот на занаетчии, правеле фризури на неколку девојки. Вака го презентираа значењето на негата на косата за клиентите. Стојна Христоска им е инструктор на идните фризери кои ги покажаа вештините со ножицата, фенот, гелот, лакот, сјај за коса, маслата за миење и обликување на косата и со четка или преса. Похрабрите, иако втора година, веќе почнале да стрижат и да им ги виткаат, шатираат прамените коса на најблиските. Прво вежбаме еден со друг под ,,надзор,, на професорката. Работата во кабинетот не ослободува во односот со муштериите. Правиме фризури по наша желба, трендовски, иако и меѓу нас некои не сакаат да ја менуваат фризурата. Важи правилото ,,по косата не се жали, зашто ќе порасне”. Трајната ондулација, односно ладна е најтешка. Ја работиме со вода, а со препарати им е потешко на учениците,а постарите ученици и со средства – објаснува професорката по теорија и пракса Стојна Христоска. Учениците кои излегуват од училиштето се подготвени да отворат и самостојни фризерски салони, зашто и овде имаме муштерии од персоналот во училиштето, роднини, пријатели на учениците. Дијана Бендевска, Лидија Коневска, Мартин Мирчевски, Александар Поцевски кажаа дека теоретски учат за препарати за нега на косата, разни третмани за да не паѓа, за метил и слично.

Loading