ХЕРБАРИУМИ И ИНСЕКТАРИУМИ ЗА БИОЛОШКА НАОБРАЗБА

Во ОУ ,,Добре Јованоски,, успешно функционира биолошката секција водена од наставничката Роза Аџиоска Бурнеска. Таа ги поттикнува децата на ангажман и да научат нешто од собирањето на инсекти и растенија, кои ги сместуваат во специјални инсектариуми и хербариуми. Карактеристично е што направивме специјален хербариум само со лековити растенија од нашето поднебје. Планираме собраното да го изложиме во стаклени витрини и да го сместени во ходниците на училиштето. За еко – ангажманот нашето училиште доби бронзена награда – вели наставничката Аџиоска Бурнеска.         Учениците од биолошката секција велат дека собираат лековити растенија или инсекти групирани заеднички, но и сами кога се на излет со родителите или другарите. Седмоодделенката Бојана Маркоска го искористила рекреативниот викенд кај Вештачкото Езеро собрала лековити растенија, а Христина Ристеска вели дека преку собирањето на инсекти дознала за живиот свет на земјата. Интересно е собирањето на инсектите. Ги мамиме со памук со ракија и тегла ги поклопувме. А потоа ги редиме на стиропор – вели Марија Јолеска. Наставничката планира посета на некои интересни институции каде има збирки поврзани со биолошкиот опстанок, односно со флората и фауната.

Loading