БРАТ И СЕСТРА ПЕАТ БАШКА

Анастасија и Филип Шабаноски се сестра и брат. Заедничко им е и тоа што сакаат да пеат. Двајцата настапија на “Ѕвездички” со песни на татко им Борче. Анастасија на десет години е петто одделение во ОУ “Кочо Рацин”. Три години другарува со музиката. Сакам да пеам и пријатно се чувствувам на сцената – вели таа. Мераклија е и за танцување. Наскоро Прилеп и Македонија ќе ги претставува на меѓународниот фестивал “Шљокица” во Нови Сад, Србија. И лежат и другите предмети. Филип е на 12 години. Шесто одделение е. Тој е “понеискусен”. Две години веќе пее. Посакав песна, откако видов како се забавува сестра ми. Исполнив две композиции – вели Филип, кој е одлично ги владее математиката и странските јазици. Тој ќе ги претставува Прилеп и Македонија на фестивал во Египет.

Loading