ЕКО – ВИРУС МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ

Еколошките проекти се раширија како вируси во училиштата. Учениците во ОУ “Рампо Левката” работат да штедат природни суровини со собирање хартија за рециклирање. Децата собираат стара хартија, обично весници. Прво ги кинат, а потоа ги месат со водичка и создаваат смеса (пулпа). Од неа прават украсни формички на овошје, растение, цвеќе и слично. Исушени ги обојуваат со водени или темперни бои. Така учат дека и отпадот може да се искористи и да послужи за пренесување на некоја порака – вели Весна Трајковска, наставник по биологија во тоа училиште. Учениците на листови хартија изработиле еколошки весник. Тоа е шаренолик колаж со сликички, вести, песнички, состави на тема за штедење вода, енергија, загадување на воздух.

Loading