ЧЕСТ ЗА СВОИТЕ УЧЕНИЧКИ

ОУ ,,Климент Охридски,,

Постигнатиот успех во Атина на натпреварот во карате на близначките Мишела и Марјана Димоски и Николина Матракоска скромно го одбележаат и во нивното училиште “Климент Охридски”. Директорот Добривој Талимџиоски и одделенските наставници Зоран Сребреноски, Билјана Чакароска им посакаат да им се нижат уште многу успеси во учењето и спортувањето. Тоа е успех и за училиштето, оти тие се нашето лице. Инаку, се примерни, одлични и скромни – велат наставниците за шампионките. Марјана и Мишела се седмоодделенки. Девет години тренираат карате во КК ,,Ронин,,, кај родителите. Будно се следат и надградуваат, едновремено дисциплинирани на тренинзите и режимот за исхрана. Натпреварот во Грција е важен и за земјата. Не е сеедно да се борат под национално знаме, со национален грб на градите и во кимоно на Ронин. Се презентира долгогодишен постојан карате ангажман пред околу 800 каратисти од Балканот. Возбуда голема, чувство недефинирано при соочувањето очи во очи со својата сестра. Нема попуштање. Едниот секогаш победува. Ги збунивме сите. Мислеа дека едната излегува двапати – се смеат близначките. Марија била втора поединечно и прва екипно, а Мишела прва поединечно и екипно. Седум години е во карате облека, осмоодделенката Николина Матракоска. Откажувањата донесоа круна. Таа е дел од младиот македонски карате тим кој не претставуваше во Грција. Претстојат мечеви меѓу училишта. Најдобрите ќе имаат седумдневни подготовки некаде во Македонија. Потоа е светско првенство во Белград. Медал би бил добредојден – вели Николина, Успешни биле и каратистките Искра Каракашоска и Марија Зероска.

Loading