ПАРИ ЗА РЕДОВНО СРЕДНО

По 12 илјади денари годишно имаат право да земаат учениците од социјалните семејства, а кои ќе бидат редовни со 85 проценти на училиште. Министерството за труд и социјална политика веќе ја активира т.н. одлука “условен паричен надоместок”. Посетувавме семинар, на кој се запознавме со целите на проектот, да ги известиме учениците да бидат редовни, зашто можат да добијат 12 илјади денари годишно. Немаме проблем со редовноста. Семејството од ученикот треба да биде корисник на социјална помош, но да не зема детски додаток. Парите од ученикот ќе дојдат на носителот на социјалната помош, но засега нема информација кои ученици влегле во овој проект – рече Весна Михаиловска, директорка на гимназијата “Мирче Ацев”.

Loading