ОВЕЗОСКИ КОМАНДАНТ ОД ТРИБИНА

Трета лига

Викторија не го дава врвот. Прво во Кривогаштани спаси реми во 88. минута, а во неделата дома го победи Вардарски во 83. минута со гол на Ѓорески и претходно на Петрески за 2-1. Играта беше под ниво, а можеби се должи на тоа што тренерот Кире Овезоски седеше на трибина. Викендов е гостувањето на Д. Езеро. Останати: Превалец – Младост, Корзо – Велес Т., Г. Коњари – Млекар, Партизан – Борец. Резултати: Борец – Г. Коњари 0-0, Млекар – Корзо 1-1, Вардар – Партизан 2-2. Табела: Викторија 22, Бабуна 21, Младост 19 бода.

Loading