ДВОЈНИК НА РИСЕ

Фудбал: Столе Дунимаглоски, надежен играч на 11 Октомври

Неверојатна сличност со Норвежанецот од Рома

Рома го има Норвежанецот Џон Анре Рисе (30), а 11 Октомври – Столе Дунимаглоски (19). Сличноста е неверојатна, за што е свесен и првотимецот на прилепскиот второлигаш. Слушам за споредбата со Рисе. Тој е левучар, бранител, јас десничар, играм во средина. Најслични сме во косата – вели Дунимаглоски. Почнал во школата Персио, продолжил во Победа. Во првиот тим бил повикан од Николче Здравески, а на Небојша Петровиќ не му се одзвал поради зафатеност со школувањето. Играше во сениорскиот тим кај Горан Тодоровски. Добро тргнав, изборивме опстанок, но следеше шок – клубот се затвори. Среќа што ми се јави тренерот Здравески, кој ме следел од дете. Иако ме нудеа во прволигашот Тетекс, не згрешив што го одбрав 11 Октомври, организиран елитно – истакнува Дунимаглоски. На 29 септември го чекаа да наполни 19 години, услов да игра во аматерската репрезентација, заедно со Денис Димитриоски. Во првенството игра во средниот ред. Од меч во меч е се подобар. По десната страна страна играм, а можам и в средина. Покрај Здравески имам можност да напредувам. Советите се добродојдени, пред се од директорот Марјан Стојкоски – Манта – смета Дунимаглоски. Благодарен и е на публиката, која на секој дуел е многубројна на стадионот “Гоце Делчев”, што е мотивирачки. Атмосфера како на европска сцена. Милина да се игра. На навивачите ќе им се оддолжиме со пласман на врвот од табелата – ветува Дунимаглоски.

Три бода за три илјади навивачи

В недела (15 часот), 11 Октомври ја пречекува деветтата Дрита. Домаќинот атакува на три бода. Три бода за три илјади навивачи. Нема да е лесно, Дрита покажа сила со победата над челното Миравци. Со борбеност може да успееме – порачува Столе Дунимаглоски. На голот е Дејан Кебакоски, наместо повредениот Пеце Коруновски.

Loading