СТАРИОТ ДОБАР ПРОЛЕТЕР

Општински лиги

В недела (10 ч.) е шесто коло во А – лига. Се среќаваат водечките, непобедениот Динамо Мажучиште и Кадица Забрчани. Второ дерби е кај Институтот, Тризла – Пролетер. Пролетер е како од старите, добри времиња. Има млади, надежни играчи. Останати: Чепигово – Воѓани, Тополчани – Кадино, Обршани – Ц. Ѕвезда, Козара – Боротино. Резултати: Козара – Динамо 1-3, Боротино – Обршани 1-1, Ц. ѕвезда – Тризла 1-1, Пролетер – Тополчани 1-0, Кадино – Чепигово 3-0 (сл.), Воѓани – Кадица 3-2. Табела: Динамо 15, Кадица 12 бода. Во Б – Лигата (15 ч.): Гарван – Клепач, Пелагонија – Илинден, Беровци – Мукос, Канатларци – Братство. Резултати: Мукос – Гарван 3-1, Канатларци – Пелагонија 3-0 (сл.), Илинден – Беровци 7-2, Братство – Клепач 4-1. Водат Братство и Мукос по 13 бода.

Loading