МЕНАЏЕРИТЕ ГО САРДИСАА ПРИЛЕП

На трибини, некогаш јавно, другпат тајно, седат менаџери. Секогаш ловат таленти, млади фудбалери. На последниот младински натпревар, 11 Октомври – Слога (2-0), неколкумина беа цел на скопски и кичевски менаџери. Се слушнаа убави зборови за шпицот Јанкоски, бекот Илиоски, капитенот Касниоски… Го продадов Бесарт Ибраими во Шалке. Работам за Германците – откри без да се претстави еден од менаџерите. Подоцна стапиле во контакт со младиот напаѓач на Викторија, Дејан Здравески – Брзи.

Loading