КАДЕТИТЕ ВТОРИ

Меѓународниот кадетски турнир “11 Октомври” беше одлично организиран. Домаќинот го освои второто место. Во финалето загуби од белградски Партизан (Србија) со 0-6. Во полуфиналето совладан беше Металург со 1-0, со голот на Андреј Тодороски. Поразената со 1-7 во полуфиналето, Македонија Ѓ. П. , го освои третото место на пенали со Металург, откако беше 1-1. Сите актери добија пакет – подароци од прехранбената индустрија Витаминка, а кај победникот отиде големиот пехар. Турнирот ќе стане традиционален.

Loading