РАДОСЕН МАРШ НА БИСТРА И ЕЛЕНА

Елена и Бистра Петрески се надежни пијанистки. Не се близначки, ниту роднини, туку се ученички во музичкото училиште “Орде Михајлоски – Оцка”. Везат на пијано како надарени мајстори. На детството му даваат пријатен музички мирис. Со 20 прсти умеат пластично доловуваат бисери на светската музика. Мелодиската целина од варијациите на осумте тонови преку жива, брза динамика на движење на прстите, “слизнати” на клавијатурите со нијанси на потивка и посилна динамика, “тресе” и импресионира на блиц изведбата. Зрачат од хармоничност мелодиските скокови меѓу 20-те прсти. Усогласеноста толку се вплотила што само стручњак со истенчено уво и знаење може да почувствува ако некаде отскокне некој нотен израз. Бистра е среќна кога вежба, кога е “заведена” од музиката. И мајка í била пијанистка. Клокот и жар за музицирање и кај Елена. Скромни се и двете. Не сакаат многу да се експонираат.

Преку постојаниот мизички тренинг, и човек, има чувство дека тие го изодиле “Одата на радоста”. “Ритамот – тој волшебник,, и бројни други нови и стари музички доживувања. Професорот Игор Николоски ја води Елена низ музичките бранувања преку композицииите. Задоволен е од тригодишното залагање на клавирот. Го освоила третото место на меѓународниот натпревар по клавир “Даворин Јенко”, а Бистра второто место на истиот натпревар. Елена е една од најталентираните со кои дополнително се работи. Ја совлада “нотната азбука” и сега со волја ја искажува креативноста, инвентивноста, интелигенцијата. Со Бистра опуштени се на бројни приредби. Овде имаа 20 настапи, а не се малку и оние по разни натпревари. Секое дело, различно го свири – вели Николоски. Единаесетгодишната Бистра, со проѕирен мелодиски израз како вода, веќе е подготвена за државен натпревар во ноември во Кавадарци, каде и двете со Елена ќе донесат нов музички врв. Тешко е едно дело – две личности, два карактери во еден здив. Треба повеќе да се вложат и слух за музицирање, за стилот да дојде до израз. На децата им е дозволено слободно да вежбаат во кабинетот на професорот – забележува Кирил Гаралоски, професор по пијано и клавир, кој и потпомага помага преку својот ангажман на Бистра да успее во правилно да се насочи кон композициски лет.

Loading