ЧЕТИВО ВО УЧИЛИШЕН ПАРК

Во ОУ “Кире Гаврилоски”

 

Во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” се уредува три декари празниот училишен простор покрај градската река. Останал уште тој простор за дотерување, по признанието за најдобро среден училишен двор во општинава од пред две години. За учениците во одделенска настава ќе водат патеки дирекно од училниците во дворот. Шест паралелки ќе имаат можност за часови во природа. Предвидени се и реквизити, веројатно и бетонски столчиња. Ќе може дел од теоријата да ја применат во практика преку засадување, цвеќе, зимзелено или листопадно дрвце. Да учат за грижата и стекнат одговорност во негувањето. Тоа е конструктивно дејствување на еколошкиот здрав живот – вели Јелица Солуноска, педагог во основното општинско училиште. Објаснува дека е атрактивен празниот простор. Креативно ќе е учењето во надворешна средина. Воздух и ветре од крај река ја бранува и мислата на ученикот и опушта за складно изразување.

На тревниот дел ќе има и клупи за релаксација на учениците на одморите. Помалите генерации ќе може да се пододалечат од повозрасните. Послободни да се во генерациските игри и дружби. Идејава има логика, зашто училиштево последниве години соработува со градинката “Аличаир”. Организираме продолжен престој и училишна настава на децата. Децата користат услуги во градинката и овде. На пример: Ако детето е од утро таму, воспитачката задолжително, ако е попладне наставата, го носи кај нас. Потоа, може да се врати в градинка и да биде згрижено, додека родителите на детето имаат обврски – објаснува Солуноска. Училишниот парк треба да биде готов до 11 – ти Октомври. ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” постои 50 години. Учат 900 ученици воспитувани и образувани од 67 наставници. Досега санирани се покривот, таваните, ѕидовите на училниците, комплетна е променета столаријата со пари од МОН, ЛС и УНДП. Сето ова, заедно со проектот за училишниот парк вреди околу 6,8 милиони денари.

Loading