ТАНЦОВИ ВИЦЕШАМПИОНИ ДВОЈКАТА МИХАЈЛОВСКА И ПЕТРЕСКИ

Елеонора Михаиловска и Јован Петрески танчери на ТК “Темпо” освоија сребрен медал во категорија пионери на куп натпреварот во латиноамерикански и стандардни танци во Битола. Во силната конкуренција, не помал успех имаа и Ивона Нанческа и Стефан Ристески во категорија млади – младинци. Беа четврти. ТК “Темпо” забрзано се подготвува за државниот бодовен танц натпревар во Прилеп на 2 откомври во ЦК “Марко Цепенков”. Ќе учествуваат 50 танцови двојки од сите старосни категории од танцовите клубови Степ-Битола, Динамик – Куманово, Ритам Плус- Скопје, Креатор денс – Куманово, Прима Данца-Скопје, Бранимир и Бранкица-Скопје и нашиот клуб – вели Славица Илиоска од ТК “Темпо”.

Loading