КОМПЈУТЕРИ МЕСТО ЗЕЛЕНИ ТАБЛИ

Родителите се сеќаваат на интересни времиња кога имаше потреба да се ,,крене,, рака на училишниот час. Или на тремата при рецитирањето, при решавањето задачи на табла, при држењето на епруветата по часот по хемија, при давањето вештачко дишење на часот по ОНО или биологија … Денес, поретко се користат зелени табли кои одмараат. Доминираат предавањата со проекции или пак на пластифицирани бели помошни табли на кои се пишува со фломастри кои ги нарекуваат модерно маркери и полесно се брише со специјална гумичка. Прожектирањето постои од поодамна. Касетите и аудио и видео, цедињата, плочи, двд проекциите не се непознати како наставна опрема за ефикасно одржан час. Посебно по предметите по јазиците и по музика. Сето ова го заменуваат компјутерите, каде се разменуваат искуства, каде се прават проекти со кои децата подоцна успеваат во светски просперитетните компании.

Loading