ПРВАЧИЊА ЗА РАЧИЊА

Интересна иднина. Компјутеризирана од мали нозе, а на училиште првачиња се уште се држат за мамини рачиња. За рака ја стегнала цврсто раката на мама, и малата Теодора. Со торбичка на рамо во “училишен ред”. Вели, дека во школските клупи ќе седи сама, без мама. Теодора ќе учи во ОУ “Кочо Рацин”. И таа е постара за месец од нејзината генерација, родена со јануари 2005 година. Убаво поминавме на првиот час. Дадоа книги. Купивме прибор, а на клупите не пречека и лап топ. Мислам дека сме подготвени и со радост, смеа, лесна како песна, ќе и биде уката на ќерката Теа – среќна е мајката на Теодора. Училишниот ѕвонлив глас собра родители и деца во клас. Срамежливо, со наведнати главчиња, со стегнати рачиња, припиени за мајчички и бабички, мирно како вод, дотерани првачиња несвесно ќе почнат еден животен пат. Шестгодишниот Леонид се срами. Вели дека не му се учи. Повеќе сака да си игра на компјутер и со своите другарчиња.

Аника е воодоошевена од бројните дечиња. Со весел детски дух го почнува училишниот чекор. Со мама бев. Убаво беше. Имаше многу деца. Не се запознав, и не познавав никој. Учителката се вика Соња. Таа секој нé праша, што има во училницата наша. Ни дадоа и книги, кои ќе си ги носам во моето убаво ранче – среќна е шестгодишната, првооделенка Аника. Црнооко срамежливо моме, кажа дека мерак има со книга да другарува. Дотерана, во училишен двор нестрпливо ја чека учителката во клупа да ја збере. Еластично се врти, во дружба со другарче, кое се труди на новата другарка да и погоди. Ги оставиле куклите и автомобилчињата, сега другарчиња ќе им бидат тетратчињата, блокчињата, моливчињата и фломастречињата. Околу нив, смеа и брканица на три – четири петтооделенци. Иако, ученици во ОУ “Кочо Рацин”, копнеж ги “достигнал”, да ја видат старата учителка во истоимено училиште на Рид. Првиот ден носи обврски од првиот час. Таблици да пишуваат, со бројките да забавуваат.,, Од првиот час работни задачи за утре ни даваат. Разнобојна палета и тоналитети од детски џагор, грмат и ечат во училниците по училиштата. Најавуваат бурна, интересна и плодна година.

Loading